Friday, June 14, 2013

http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/centri/centar-za-e-ucenje


Факултет за информатика

Универзитет ,,Гоце Делчев" - Штип

Поим за вода

Водата е од огромно значење за целиот свет, а за човекот тоа значи единствен живот.Мора да поседува добри хигиенски својства и сите елементи на здраствена безбедност.
Водата  е  супстанца  чии  што  молекули се составени од атоми на водород и кислород и е важна за сите познати форми  на живот.
Во најчеста употреба водата се јавува во течна агрегатна состојба, но таа има и цврста состојба и гасна агрегатна состојба.Водата покрива 71% од површината на  планетата Земја.На  земјата најчесто се наоѓа во океаните и другите големи водни тела, со 1,6% вода  под површината во водоносни  слоеви и 0,001% во воздух како пареа, облаци и кондензација.
Водата на Земјата постојано се движи  во циклус на испарување или транспирација, кондензација и истечни води  кои најчесто стигнуваат до морињата.Над површината испарувањето и транскрипцијата придонесуваат за кондензација врз земјата.
Чистата, свежа вода за пиење е неопходна за човекот и другите форми за живот.Пристапот до безбедна вода за пиење во последнава декада сигурно и значително се подобрува скоро во секој дел од светот.
Водата има важен дел во светската економија, бидејќи функционира како растворувач  за голем број различни хемиски материи и го олеснува индустриското ладење и транцпорт.Приближно 70% од свежата вода се користи во земјоделството

Хемиски и физички својства

Водата е хемиска супстанца со хемиска формула  H2O  што содрзи еден молекул  вода и два атома на водород  ковалентно поврзани со еден атом на кислород.Во природата водата се јавува во трите агрегатни состојби и на земјата може да завземе многу различни форми  како што се водните испарувања и облаците на небото, морската вода и сантите мраз  во поларните океани, реките во планините и течноста  во земјините водоносни слоеви.
Главни хемиски и физички својства на водата се :
·        Водата е течност која на нормална температура  и притисок нема ни вкус  ни мирис.Природната боја на водата и мразот има цветло цина нијанса, иако во мали количини изгледа безбојна.
·        Водата е проѕирна и поради тоа водните растенија можат да живеат  во неа бидејќи сончевата светлина може да стигне до нив.
·        Водата е добар растворувач и често се нарекува универзален растворувач.Супстанциите кои се раствараат во вода како на пример:соли, шеќери, киселини, бази  и други некои гасови особено кислород, јаглерод  диоксид се познати како хидрофилични материи.
·        Сите главни составни делови во клетките исто така се раствараат во вода

Вкус и мирис

Водата може да раствори различни материи, што и дава различни вкусови и мириси.Луѓето и другите животни имаат развиено сетила кои повеќе или помалку им овозможуваат да проценат дали водата е погодна за пиење, па според тоа избегнуваат вода која е пресолена или гнила.Луѓето исто така претпочитаат ладна вода, наместо млака , бидејќи  ладната  вода  содржи помалку микроби.Вкусот на изворската или минералната вода зависи од минералите кои се растворени во неа.Чистата вода е без вкус и мирис.Таа зависи од неприсутноста на токсини загадувачи  и  микроби.

Вода за пиење

Во зависност од големината на човечкото тело се состои од 55% до 78% вода.За да функционира  правилно на телото му се потребни меѓу еден и седум литри вода дневно за да се избегне дехидрација.Точното количество зависи од степенот на активност, температурата, влажноста но и други фактори.Поголемиот дел од ова се внесува преку храна  или  пијалоци, наместо пиење чиста вода.Не е јасно колку вода е потребно да се внесе од страна на здрави луѓе, иако повеќето се согласуваат дека 6 до 7 чаши вода најмалку е потребно за да се одржи соодветна  хидрација.Медицинската литература претпочита  помало  внесување  обично 1 литар за просечен маж, исклучувајќи ги  дополнителните  потреби  кои  се резултат  на губитокот на течности  заради  вежбање  или  топло  време.
Водата од телото  се лачи на повеќе начини : преку урина и фецес, преку потење и преку издишување  на водни испарувања во здивот.Со физичко исцрпување и изложување на топлина, губитокот на вода ќе се зголеми и дневните потреби на вода исто така ке се зголемат.На луѓето им е потребна вода која не содржи премногу нечистотии.Чести нечистотии се металните соли и оксидите или штетни бактерии како на пример бактеријата Vibrio.Некои раствори се прифатливи и дури пожелни за подобрување на вкусот и за добивањата на неопходни електролити.

Загадување на водите

Загадувањето на водите опфаќа внес на различни загадувачи во реките езерата и подземните води, но и морињата и океаните.Тоа се случува при директен и индиректен внес на загадувачите во  водата во отсуство на прочистување и исфрлање на штетни материи.
Во повеќето случаи загадувањето на слатките води е невидливо, бидејќи загадувачите се растворени во водата.Но постојат и исклучоци:пенестите детергенти, но и нафтените производи кои пливаат на површината и неисчистените водотеци.Постојат неколку природни загадувачи.
Соединенијата на алуминиум кои се наоѓаат во земјата достигнуваат  во системот на слатки води како резултат на хемиски реакции.