Во зависност од големината на човечкото тело се состои од 55% до 78% вода.За да функционира правилно на телото му се потребни меѓу еден и седум литри вода дневно за да се избегне дехидрација.Точното количество зависи од степенот на активност, температурата, влажноста но и други фактори.Поголемиот дел од ова се внесува преку храна или пијалоци, наместо пиење чиста вода.Не е јасно колку вода е потребно да се внесе од страна на здрави луѓе, иако повеќето се согласуваат дека 6 до 7 чаши вода најмалку е потребно за да се одржи соодветна хидрација.Медицинската литература претпочита помало внесување обично 1 литар за просечен маж, исклучувајќи ги дополнителните потреби кои се резултат на губитокот на течности заради вежбање или топло време.
Водата од телото се лачи на повеќе начини : преку урина и фецес, преку потење и преку издишување на водни испарувања во здивот.Со физичко исцрпување и изложување на топлина, губитокот на вода ќе се зголеми и дневните потреби на вода исто така ке се зголемат.На луѓето им е потребна вода која не содржи премногу нечистотии.Чести нечистотии се металните соли и оксидите или штетни бактерии како на пример бактеријата Vibrio.Некои раствори се прифатливи и дури пожелни за подобрување на вкусот и за добивањата на неопходни електролити.
No comments:
Post a Comment