Friday, June 14, 2013

Поим за вода

Водата е од огромно значење за целиот свет, а за човекот тоа значи единствен живот.Мора да поседува добри хигиенски својства и сите елементи на здраствена безбедност.
Водата  е  супстанца  чии  што  молекули се составени од атоми на водород и кислород и е важна за сите познати форми  на живот.
Во најчеста употреба водата се јавува во течна агрегатна состојба, но таа има и цврста состојба и гасна агрегатна состојба.Водата покрива 71% од површината на  планетата Земја.На  земјата најчесто се наоѓа во океаните и другите големи водни тела, со 1,6% вода  под површината во водоносни  слоеви и 0,001% во воздух како пареа, облаци и кондензација.
Водата на Земјата постојано се движи  во циклус на испарување или транспирација, кондензација и истечни води  кои најчесто стигнуваат до морињата.Над површината испарувањето и транскрипцијата придонесуваат за кондензација врз земјата.
Чистата, свежа вода за пиење е неопходна за човекот и другите форми за живот.Пристапот до безбедна вода за пиење во последнава декада сигурно и значително се подобрува скоро во секој дел од светот.
Водата има важен дел во светската економија, бидејќи функционира како растворувач  за голем број различни хемиски материи и го олеснува индустриското ладење и транцпорт.Приближно 70% од свежата вода се користи во земјоделството

No comments:

Post a Comment